fbpx

Toyota bZ4X ја доби својата продукциска форма

Toyota се подготвува за својот прв целосно електричен кросовер наречен bZ4X, а јапонската компанија сега ја прикажа и неговата продукциска форма

Првиот од седумте целосно електрични членови на bZ семејството на Toyota се очекува да пристигне кон средината на 2022, а станува збор за моделот bZ4X, кој сега е претставен во својата продукциска форма во Јапонија, со две варијанти базирани на посветената е-TNGA платформа.

Toyota bZ4X го задржува препознатливиот дизајн од концептниот автомоил кој веќе делуваше подготвен за производство. Покрај изгледот, јапонскиот производител ги сподели и првите спецификации и технички детали за финалниот продукциски модел.

https://youtu.be/d9qp2eoOWCk

Новиот кросовер ќе се напојува со 355-волтна литиум-јонска батерија со капацитет од 71,4 kWh. Истата е лоцирана под подот на автомобилот и има контрола на температурата за поголема ефикасност. Според WLTP, опсегот на движење е околу 500 километри за варијантата со погон на предните тркала, односно 460 километри за потешката варијанта со погон на сите четири тркала. Батеријата поддржува до 6,6 kW AC полнење и до 150 kW DC полнење кое е способно да го наполни возилото до 80 проценти за 30 минути.

Toyota вели дека капацитетот на батеријата и понатаму ќе биде на 90 проценти од оригиналот по 10 години користење или изминати 240.000 километри. Истовремено, „високиот степен на безбедноста на батериските ќелии“, вклучително и следењето на напонот, струјата и температурата на батеријата, елиминацијата на контаминацијата плус течноста за ладење со висока отпорност ќе овозможи „заштитни перформанси“ при судир.

Toyota bZ4X

Две моторни опции

Кога станува збор за моќноста, варијантата со погон на предните тркала има единечен предно поставено електромотор кој испорачува 204 КС кои овозможуваат спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 8,4 секунди.

Варијантата со погон на сите четири тркала добива поставка со два електромотори – по еден на секоја оска – произведувајќи по 109 КС, за вкупна моќност од 218 КС. И покрај тоа што е 85 килограми потешка, оваа варијанта забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,7 секунди благодарение на дополнителната моќност и унапреденото триење. Исто така, ова е првиот модел на Toyota кој ја добива технологијата на Subaru со X-Mode и Grip-Control.

Платформата e-TNGA, која е прва архитектура на Toyota посветена исклучиво за батериски електрични возила, заеднички развиена со Subaru, носи ниско тежиште и поголема ригидност. Toyota вели дека биле во потрага на „оф-роуд перформанси потребни за SUV моделите“, но исто така и возачко искуство како кај автомобилите благодарение на напредното управувачко чувство и поставката на шасијата.

Голема пространост во кабината

Toyota bZ4X има должина од 4.690 милиметри, висок е 1.860, а широк 1.650 милиметри, со меѓуосовинско растојание од 2.850 милиметри. Ова го прави нешто подолг од Rav4 со меѓуоскино растојание идентично како кај Highlander.

Toyota bZ4X

Благодарение на пакувањето на архитектурата и долгото меѓуоскино растојание, кабината со пет седишта ветува пространост со должина на ентериерот од 1.940 милиметри и ширина од 1.515 милиметри, додека висината во кабината а 1.160 милиметри. Toyota тврди дека bZ4X има простор за нозете најголем во класата.

Контролната табла се одликува со дигитален инструмент панел позициониран поблиску до предното стакло и голем централен екран на допир кој го инкорпорира најновиот инфозабавен систем на Toyota кој е способен за бежични унапредувања со клауд навигација и засилено гласовно препознавање. Toyota става акцент на звучната изолација со специјално стакло и намалување на бучавата од ветрот за тивко возење.

Пристигнува догодина

Како опција се нуди панорамски покрив кој внесува повеќе светлина во кабината, а втората опција е соларен панел монтиран на покривот кој може да генерира електрицитет за до 1.800 километри возачки опсег годишно. Клима-уредот, греењето на седиштата и управувачот, како и греењето на нозете на предните седишта се дизајнирани за максимална ефикасност користејќи ја оваа енергија.

Toyota bZ4X

Како што може да се очекува, автомобилот го добива и најновиот Toyota Safety Sense пакетот на системи за асистенција, вклучително и системот како Toyota Advanced Park. Новиот Toyota bZ4X ќе биде лансиран на светско ниво кон средината на 2022, по што ќе следуваат уште три целосно електрични модели. До 2025 година, bZ семејството ќе вклучува седум членови. Toyota цели кон карбон-неутралност до 2050 година, цел која ќе биде исполнета со опсег на хибриди, plug-in хибриди, електрични возила и возила со водороден погон.

Поврзани вести

Back to top button