Toyota C-HR добива GR Sport варијанта во Европа
Toyota за европскиот пазар го претстави новиот GR Sport трим во опсегот за својот кросовер C-HR за моделската година 2021
Кога Toyota првично ја најави хиерархијата на своите автомобили со високи перформанси во Јапонија пред три години, беше претставена основната GR Sport, „средниата“ GR и најмоќната GRMN варијанта. Некои од овие додавки се искористени за моделите во другите делови од светот, а C-HR не е исклучок.
Изобилувајќи со ексклузивни додатоци на екстериерот и ентериерот, како и унапредена управливост и систем на потпирање за подобрување на возачката динамика, Toyota C-HR GR Sport пристигнува во Европа од јануари, а деталите околу цената допрва треба да бидат објавени.
Toyota CH-R GR Sport се одликува со црни инсерти насекаде, црна хромирана решетка и поагресивен стил на предниот сплитер. Моделот е поставен на ексклузивни 19-инчни тркала и може да се нарача во девет двобојни комбинации на финиш, вклучително и уникатната Dynamic Grey со црн покрив.
Во кабината може да се пронајдат GR лога, седишта обложени со Алкантара или кожа, или платнен тапацир, а двете верзии пристигнуваат со црвени и сиви шевови. Управувачот и менувачот се обложени со кожа и со црвени конци, додека на TFT екранот при вклучувањето се појавува GR start-up анимација. Листата на стандардна опрема е навистина великодушна и вклучува JBL премиум аудио систем, електрика и греење на предните седишта, автоматски склопливи ретровизори и LED предни светла со висок отсјај.
Како и остатокот од опсегот на C-HR за 2021, GR Sport е опремен со најновата варијанта на Toyota Safety Sense. Познатите 1,8 и 2,0-литарски хибридни погони остануваат непроменети.
За моделската година 2021 Toyota исто така го претстави новиот C-HR C-HIC, со четири нови дввобојни финиши вклучително и Oxide Bronze, 18-инчни алуминиумски тркала со 10 двојни краци, Orchid/Black кожен тапацир, сива прекривка за покривот и предни седишта со електрика.