fbpx

Toyota Corolla Cross ја доби својата европска верзија

Јапонскиот производител Toyota продолжува да го шири опсегот на Corolla Cross моделот со претставувањето на европската верзија

Најновата дестинација на која пристигнува новиот Toyota Corolla Cross е Европа. Corolla е најпопуларниот автомобил на светот, а продажбите со сигурност ќе се зголемат уште повеќе со додавањето на кросовер моделот во поставата со истото име, особено кога станува збор за Стариот континент, каде ваквиот тип на возила се исклучително популарни.

Toyota Corolla Cross

Европската верзија изгледа доста поразлична во однос на моделот кој се нуди на јапонскиот пазар, а е нешто послична со американската. Сепак, европскиот Corolla Cross пристигнува со нешто поразлични фарови во однос на оној модел кој се продава преку Атлантикот, а има и голем број промени во кокпитот, со оглед на тоа дека кросоверот добива „поставеност на централната конзола со спецификации наменети за Европа“, како што велат од Toyota. Моделот се одликува со 12,3-инчен дигитален инструмент кластер.

Покрај ова, европскиот Corolla Cross добива и 10,5-инчен Audio Multimedia инфозабавен систем кој работи на целосно новиот оперативен систем на Toyota кој се одликува со cloud-навигација и поддржува бежични over-the-air унапредувања на софтверот.

Хибридна поставка под хаубата

Европските купувачи ќе ја добијат и петтата генерација на хибриден систем кој е сочинет со 2,0-литарски четирицилиндричен мотор, литиум-јонска батерија и електромотор. Ова му овозможува на кросоверот да има комбинирана моќност од 199 КС, што е за 28 КС повеќе од американската верзија. Благодарение на ова, Corolla Cross забрзува од нула до „стотка“ за 8,1 секунда.

Купувачите исто така можат да изберат варијанта со погон на сите четири тркала, која се одликува со електромотор поставен на задната осовина и кој испорачува 41 КС. Тој автоматски се вклучува и му овозмоожува на моделот да го задржи времето од 8,1 секунда кога станува збор за забрзувањето од 0 до 100 км/ч.

Кросоверот пристигнува и со цел асортиман на возачки системи за асистенција, вклучително и Pre-Collision систем со Acceleration Suppression и Intersection Cut-In асистенција за сообраќајот, како и унапреден Oncoming Traffic детекција и Intersection Turn асистенција. Моделот исто така има и Full Speed Range адаптивен темпомат, асистенција за следење на коловозната лента, асистенција за сообраќајни знаци и монитор за слепа точка со асистенција за безбедно излегување од возилото. Како дел од карактеристиките се и автоматските долги светла, Panoramic View Monitor, Emergency Driving Stop System и Rear Cross Traffic Alert со автоматско сопирање.

Европската верзија на Corolla Cross треба да започне со испорака на есен 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button