fbpx

Њујорк 2018: Пристигнува новата Corolla хечбек

Компанијата Toyota откри деталите за новата генерација на хечбекот Corolla, која ќе биде официјално претставена за време на автомобилски салон во Њујорк

Моделот доби нов дизајн и платформа со спортски перформанси, како и необичен хибриден вариатор.

За хечбекот Corolla се нудат 6-брзински мануелен менувач или континуирана трансмисија Direct Shift-CVТ која може да ја имитира работата на 10-степен секвенцијален менувач. Тој е опремен со спортски режим и прв стартен состав во светот, програмиран за брзо забрзување од место.

Toyota Corolla пристигнува и со новиот 2.0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри од семејството Dynamic Force Engine со комбинирано вбризгување на горивото, а исто така и со систем за промена на фазите на вшприцување. Моќноста на моторот не е официјално објавена, но според некои извори тоа е 171 КС и 205 Nm вртежен момент.

Во основата на новата Toyota Corolla е платформата Toyota New Global Architecture (TNGA), користена при последните генерации на Prius и Camry. Должината на хечбекот е 4.369 (+38,1 mm во споредба со неговиот претходник), ширина – 1.791 (+30,5 mm), висина – 1.438 (+25,4 mm), a растојанието помеѓу двете оски е 2.639 mm (+38.1 mm).

Во опремата на новата генерација на хечбекот влегуваат индивидуализирани главни светла, LED задни светла, 18-инчни фелни, мултимедијален систем со 8-инчен дисплеј, безжичен полнач за паметни телефони, двозонски клима уред, дигитален панел и аудио JBL со 800 вати и 8 излези.

Возилото е опремено и со втората генерација на комплексот за безбедност Toyota Safety Sense, кој вклучува систем за предупредување за опасност од судир со функција за препознавање на пешаци, активен круз-контрол, систем за одржување на лентата на движење и контрола на означувањето и со автоматски долги светла.

Продажбата на новата Toyota Corolla на американскиот пазар започнува во текот на летото. Европската верзија на моделот беше прикажана на салонот во Женева претходно овој месец, а таа излегува под името Auris.

Поврзани вести

Back to top button