fbpx

Toyota ги сподели спецификациите за европскиот bZ4X

По претставувањето на целосно електричниот bZ4X, јапонскиот производител Toyota сега ги сподели и спецификациите за европскиот пазар

Toyota ги најави официјалните спецификации за електричниот bZ4X во пресрет на европското лансирање. Најважно од се е дека целосно електричниот модел пристигнува со опсег на движење од 516 километри според WLTP, што е повеќе во однос на прелиминарните податоци.

Поконкретно, Toyota најави хомологиран WLTP опсег на движење од 516 километри за моделот со погон на предните тркала, односно 470 километри за AWD варијантата со два електромотори. И во двата случаи, бројките се повисоки во однос на првичните очекувања кои беа 500 и 460 километри. Потрошувачката изнесува 14,3 kWh на 100 километри за верзијата со погон на предните, односно 15,8 километри на 100 километри за верзијата со погон на сите четири тркала.

Toyota bZ4X

Батеријата е нешто поинаква во однос на капацитетот со 71,4 kWh кај FWD, односно 72,8 kWh кај AWD верзијата. Двете сео компатибилни со 6,6 kW AC полнење и до 150 kW DC полнење. Toyota исто така нуди и опционален „програма за продолжена грижа“ која гарантира 70 проценти од капацитетот на батеријата за 10 години или 1.000.000 километри.

Кога станува збор за перформансите, верзијата со еден електромотор испорачува 204 КС и 265 Nm, што е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 8,4 секунди. Поставката со два електромотори носи погон на сите четири тркала и комбинирана моќност од 218 КС и 336 Nm, овозможувајќи спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 7,7 секунди.

Toyota bZ4X

Новиот bZ4X е базиран на eTNGA платформата врз која ќе бидат поставени сите седум членови на bZ семејството кои ќе дебитираат до 2025 година.

Првите испораки на bZ4X ќе започнат на европските пазари ова лето. Toyota се уште ги нема објавено цените за европските пазари, со исклучок на Велика Британија каде почетната цена изнесува 41,950 фунти.

Поврзани вести

Back to top button