Toyota го најави X Prologue, новиот ЕВ за Европа
Јапонскиот производител Toyota го најави својот електричен автомобил под името X Prologue кој наскоро ќе ја доживее својата премиера
Toyota објави тизер фотографија од новиот електричен автомобил X Prologue чија премиера е закажана за 17 март. Со овој модел се верува дека јапонскиот производител го најавува своето престојно електрично семејство на автомобили, а според најавите X Prologue би требало да биде поставен на e-TNGA платформата која е заеднички развиена во партнерство со Subaru. Архитектурата може да поддржи различна големина на батерии и мотори, а може да функционира со погон на предните, задните или сите четири тркала.
На тизер фотографијата се прикажува необичниот изглед на предните светла, но и предниот дел воопшто, а ако овој модел навистина биде кросовер како што се најавува, тогаш се очекува да го има истиот отпечаток како и RAV4 кога станува збор за димензиите. Според плановите, Toyota сака да го продолжи меѓуосовинското растојание со цел да понуди поголема пространост во внатрешноста.
Засега нема премногу информации околу X Prologue, но овој кросовер, според најавите на Toyota, ќе се продава само во Европа, а ќе се произведува во Јапонија во фабрика наменета само за електрични возила, што значи дека моделот веројатно ќе биде достапен и на матичниот пазар.
Со користењето на e-TNGA платформата, јасно е дека Toyota евентуално ќе ја прошири својата ЕВ понуда. Меѓу планираните модели се компактен кросовер, поголем кросовер, седан и миниван, а сите тие ќе имаат имиња кои немаат никаква поврзаност со актуелните производи на јапонската марка.