Toyota го освежи Hilux за европскиот пазар
Јапонскиот производител Toyota ги соопшти сите детали во врска со рестилизираниот модел Hilux кој е наменет за купувачите во Европа
Иницијалното претставување на освежената Toyota Hilux се случи пред неколку месеци, но јапонскиот производител сега ги соопшти сите детали и објави нов сет на фотографии за својот пикап модел наменет за Стариот континент. Најмногу се истакнува новиот, уште помоќен 2,8-литарски четирицилиндричен дизел мотор кој испорачува 204 КС и 500 Nm максимален вртежен момент.
Новиот мотор е достапен со мануелен и автоматски шестстепен менувач, како и погон на сите четири тркала во стандардната опрема. Сепак, моделите со мануелен менувач имаат максимален вртежен момент од 420 Nm.
Вториот мотор во унапредената Toyota Hilux е 2,4-литарскиот четирицилиндриен дизел мотор кој испорачува 150 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Двата мотори се со Euro 6d стандард.
Екстериерот на освежениот Hilux исто така е унапреден со нова предна решетка и браник, како и нови LED фарови и задни светла и нови дизајни на тркалата. Во внатрешноста се наоѓа 8-инчниот екран од инфозабавниот систем со Apple CarPlay и Android Auto како стандардни, заедно со поекстензивна листа на опрема од било кога претходно.
Голем број промени
Toyota исто така го редизајнираше и највисокото ниво на опременост Invincible за освежениот Hilux. Така, новиот Hilux Invincible сега добива по агресивен стајлинг на екстериерот, со дополнителна заштитна подлога, ексклузивни лежишта за светлата за магла и друго.
Освен ова, Toyota направи ревизија и на системот за потпирање на освежениот Hilux со цел да ја подобри удобноста при возењето. Моделите кои ќе пристигнат со систем за погон на сите четири тркала исто така ќе добијат и нова електронска функција која симулира механички лимитиран диференцијал во режимот за погон на две тркала за унапредено триење. Сите Hilux Double-Cab модели пристигнуваат со клиренс од 310 милиметри.
Јапонскиот производител исто така нуди и повеќе од 300 аксесоари за унапредениот Hilux, со што им се овозможува на купувачите уште повеќе да го персонализираат својот пикап. На списокот на богата достапна опрема се најдоа автоматски клима-уред, аудио систем на JBL со девет звучници, сателитска навигација, предни и задни паркинг сензори и така натаму.