Toyota го претстави новиот bZ4x Touring
Toyota го проширува семејството на bX4X со најновиот додаток кој ја носи ознаката Touring и претставува комбинација на кросовер и караван

Toyota официјално ја претстави bZ4X Touring, нов член на електричната bZ4X гама, кој нуди повеќе простор, повеќе моќност и поголема практичност. Насочен кон семејства и љубители на активен животен стил, овој електричен SUV е дизајниран за оние кои бараат високи перформанси и функционалност, без компромис во однос на електричната мобилност.
Простор и практичност како приоритет
Во споредба со стандардниот bZ4X, новиот bZ4X Touring е подолг за 140 мм и повисок за 20 мм, со вкупна должина од 4.830 мм и висина од 1.670 мм. Овие димензии му овозможуваат 33% поголем багажник – со капацитет до 600 литри, што е зголемување од 148 литри.
Флексибилниот 40:60 заден ред на седишта овозможува лесно проширување на товарниот простор, а вградените кровни носачи овозможуваат носивост до 70 кг – идеално за спортска опрема и патувања.
Електричен погон со две верзии
bZ4X Touring ќе се нуди со преден или погон на сите тркала, и користи ли-тиум јонска батерија со капацитет од 74.7 kWh. AWD верзијата, благодарение на XMODE системот и Grip-Control функција, обезбедува вистински теренски способности. Најмоќната изведба има 380 КС (280 kW), што го прави најмоќниот електричен Toyota модел досега, додека FWD верзијата нуди 224 КС (165 kW).
Батеријата има поддршка за брзо полнење до 150 kW DC, како и вграден полнач од 11 или 22 kW AC, зависно од изведбата. Вклучени се предзагревање и водено ладење на батеријата, како и Plug & Charge функција и NACS приклучок. Очекуваниот WLTP домет е до 560 километри, а можноста за влечење приколки до 1.500 кг ја зголемува практичноста на овој SUV.
Дизајн со авантуристички карактер
Со поизразени задни браници, нов дизајн на LED светлата и црни тркала, bZ4X Touring добива поиздржан и „outdoor“ изглед. Меѓу ексклузивните детали за Touring се и нова Bronze боја и мат црни пластични елементи околу тркалата.
Во ентериерот се истакнува нов централен панел и 14-инчен мултимедијален екран, како и нова City Moss тапацир боја, во духот на SUV карактерот. Мултимедијалниот систем нуди навигација базирана на батерискиот статус, со предлози за рути и полначки станици.
Инаку, Toyota потврдува дека батеријата ќе биде покриена со Battery Care Program – гаранција до 10 години или 1.000.000 километри, со услов за редовна годишна проверка на состојбата.
Почеток на продажба
Toyota bZ4X Touring ќе пристигне на европскиот пазар во пролетта 2026 година, а дополнителни технички податоци ќе бидат објавени поблиску до официјалниот старт на продажбата. Продажбата во САД и Канада ќе започне на почеток на 2026 година ќе каде го носи името bZ Woodland.