fbpx

Toyota и Lexus претставија 15 нови електрични концепти

За време на нивниот медиа брифинг за стратегијата поврзана со електричните возила, првиот човек на Toyota групацијата претстави 15 целосно електрични концепти

Со претставувањето на 15 нови, целосно електрични концепти, Toyota и Lexus ја најавија својата електрична иднина. Првиот човек на компанијата Акио Тојода, сосема неочекувано за време на брифингот наменет за претставувањето на стратегијата за електричните автомобили ги покажа 15-те концепти кои ги предвидуваат идните модели на двата бренда. Во поставата се најдоа градски автомобили, седани, SUV модели од сите големини, па се до пикап и спортски автомобили. Дел од нив се базирани на веќе постоечки модели, но тука исто така се и неколку целосно нови возила базирани на e-TNGA архитектурата за електрични автомобили.

bZ опсег на ЕВ

Акио Тојода ги категоризираше возилата на два типа – возила за намалување на CO2 (хибриди, plug-in хибриди), како и CO2 неутрални возила (електрични, водородни…), истакнувајќи дека Toyota ќе даде се од себе за да ги оствари своите замисли.

Презентацијата започна со Toyota bZ поставата со „модели за масовно производство со разумни цени“ кои ги вклучуваат bZ4X и четири нови концепти, сите базирани на e-TNGA архитектурата. Меѓу нив, тука е спортскиот компактен кросовер со купе стил, од B сегментот, дизајниран за Европа и Јапонија со цел за 125 Wh/km потрошувачка на енергија, потоа седан кој изгледа како ривал на Tesla Model 3 и голем SUV со три реда седишта.

Toyota и Lexus

Lexus добива сопствено семејство на електрични модели

„Салонот на иднината“, како што Акио Тојода го нарече, има и еден куп други ЕВ модели кои се кријат „зад завесите“. Поставата на Lexus го вклучува нивниот прв наменски направен ЕВ наречен RZ, кој е продукциска верзија на LF-Z Electrified концептот. Потоа тука е и спортскиот ЕВ кој делува како спиритуален насследник на LF-A со очекуван опсег на движење од 700 киломери, благодарение на цврстите батерии, како и очекуван спринт од 0 до 100 км/ч за околу две секунди.

Дополнително, видовме и прототипи за голем SUV и неименуван спортски седан со логото на Lexus. Истиот доби и хечбек форма во официјалните рендери, заедно со 2+2 кабриолет со сличен стајлинг.

Разноликоста на ЕВ опсегот на Toyota

На крајот, Акио Тојода претстави и други серии на модели нарекувајќи ги „разновидни Toyota електрични возила“. Тука се вклучени и комерцијални возила како што е автономен шатл бус, компактно комбе дизајнирано за работа и уживање, како и разноврсен урбан ЕВ. Compact Cruiser електричното возило инкорпорира стилски карактеристики од FJ Cruiser и би можел да биде модел фокусиран на оф-роуд авантурите. До него, тука е првиот електричен пикап со двојна кабина од Toyota кој делува дека е сличен со Hilux или Tacoma кога станува збор за димензиите, но добива помодерни дизајнерски карактеристики од поголемата Tundra.

Small SUV електричното возило делува како електричен CH-R со динамичен стилски пристап, додека Crossover EV е нешто поголем и посуптилен кога станува збор за дизајнот на екстериерот, најверојатно предвидувајќи го влезот на Toyota во C-SUV сегментот. На крајот, тука е електричен спортски автомобил со кабина со две седишта кој би можел да стане идниот MR2.

„Салон на иднината“

Сите овие возила се дел од целта на Toyota и Lexus за да претстават вкупно 30 батериски електрични возила на пазарот до 2030 година, со цел од 3,5 милиони глобални продажби. До 2030, Lexus ќе има цела постава на електрични возила кои ќе ги покриваат сите сегменти и ќе стане електричен бренд во Европа, Северна Америка и Кина, таргетирајќи годишна продажба од 1 милион електрични автомобили. Глобалната продажба на Lexus во целост ќе биде составена од електрични возила до 2035.

За да се достигнат овие цели, јапонската компанија најави инвестиција од масивни 2 трилиони јени (околу 15,6 милијарди евра) за производство на батерии до 2030, што е за околу 4 милијарди повеќе од претходните најави. Toyota исто така ќе инвестира во различни опции за „карбонски-неутрални“ модели вклучително и модели со водородни горивни ќелии и останати типови на возила кои ќе работат на чиста енергија. До 2035 и Toyota и Lexus сакаат да бидат карбон неутрални.

Поврзани вести

Back to top button