Toyota и Subaru – заедно кон иднина
Електромобилност, дигитализација и автономно возење - ова се новите предизвици на кои двата бренда решија да одговарат заедно
Компаниите на далечниот исток исто го следат модерното време. Затоа Toyota и Subaru веќе се договориле заеднички да развијат платформа за електрични возила со батерии, која ќе биде користена прво за SUV моделите од С-сегментот. Како се распределуваат улогите во оваа соработка? Subaru е целосно одговорен за проектот поради долготрајната работа на 4×4 системот, а Toyota е вклучена во технологијата на електрификација. Во соработка, двајцата партнери имаат задача да развиваат атрактивни производи со силна привлечност на клиентите.
Автомобилската индустрија се соочува со фундаментални промени. Производителите одговараат на ова со посебни мерки. „Во контекст на бројните предизвици при поврзување, автономно или помогнато возење, новите услуги за мобилност и споделување на автомобили, електрифицирани мотори и компоненти, Toyota и Subaru ќе го забрзаат техничкиот развој во поширок спектар“ – се вели во заедничкото соопштение на двата автомобилски производители.