fbpx

Toyota ја претстави Trek изведбата на Corolla

Toyota објави off-road инспирирана верзија на Corolla Touring Sports во соработка со производителот на велосипеди Trek

Достапно исклучиво на моделите Touring Sports, новата Corolla Trek е со зголемена возна висина од 20 mm, редизајнирана предна решетка, пластично обложување по долните делови од каросеријата, 17-инчни алуминиумски тркала, LED фарови и Trek лого на задната врата.

Внатрешноста и сама добила неколку промени, како дво-тонски текстилен тапацир, дрвени завршетоци и Trek амблеми. Исто така вклучени се и 7-инчен TFT инфозабавен систем, 7-инчен TFT инструмент кластер и најновата итерација на Toyota Safety Sense. Тука се вбројува системот за автоматско вклучување на долги светла, систем за препознавање на сообраќајни знаци, систем за безбедност пред судир со дневно и ноќно препознавање на пешаци и велосипеди, како и адаптивен темпомат со старт/стоп.

Corolla

За новата Corolla Trek, Toyota има спремено три различни погони. Поставата започнува со 1,2 литарскиот турбо мотор, проследен со 1,8 литарската единица и хибридниот 2,0 литарски погон за крај.

Како дел од договорот и соработката со производителот на велосипеди Trek, Toyota обезбеди 16 Corolla Treks како возила за поддршка на тимовите за светски турнеи Trek-Segafredo, за време на настаните во европски циклус. Сите овие се придвижувани од 2,0 литарскиот хибриден погон.

Поврзани вести

Back to top button