fbpx

Toyota и Kenworth продолжуваат со развојот на камиони со горивни ќелии

Toyota и Kenworth ја имаат развиено следната генерација на камион со горивни ќелии со опсег од 480 km

Камионот ќе биде тестиран за ракување со карго на калифорниските пристаништа од крајот на 2019 година. Јапонскиот производител на автомобили, Toyota и американскиот специјалист за камиони, Kenworth, ја развија следната генерација на камион со горивни ќелии.

Новото издание се очекува да патува повеќе од 482 километри со еден резервоар гориво, а тоа е двојно повеќе од опсегот што камионите од оваа класа обично го покриваат. Неговите капацитети за оптоварување, пакување и перформанси исто така се подобрени.

Toyota и Kenworth

Како дел од „Проект Порта” од април 2017 година, Toyota тестира погон на горивни ќелии со водород, специјално дизајниран за тешки товарни возила, кој има за цел да овозможи навистина тивок и незагадувачки товарен транспорт.

Оригиналниот „Алфа” и уште поразвиениот модел на камиони „Бета” веќе имаат поминато повеќе од 22.500 километри во тестирање за ракување со карго во и околу калифорниските пристаништа Лонг Бич и Лос Анџелес. Првите нови лектрични камиони со горивни ќелии (FCET) од Toyota и Kenworth треба да започнат со работа во пристаништата во четвртиот квартал од 2019 година.

Камионот со горивни ќелии е комбинација на камионот Kenworth T680 Class 8 и технологијата за алтернативен погон на Toyota, која веќе се користи во нивната лимузина Mirai. FCET е развиен како дел од проектот ZANZEFF (Zero and Near-Zero Emissions Freight Facilities), кој меѓу другото цели да ги намали емисиите на стакленички гасови и влијанијата врз животната средина.

Поврзани вести

Back to top button