Toyota со 5,5 милиони електромобили годишно до 2030 година
Toyota Motor Corporation објави дека компанијата си постави сериозна продажна цел, која предвидува годишната реализација на повеќе од 5.5 милиони електрифицирани автомобили
Toyota Motor Corporation објави дека компанијата си постави сериозна продажна цел, која предвидува годишната реализација на повеќе од 5.5 милиони електрифицирани автомобили, вклучувајќи и еден милион кои нема да одделуваат штетни гасови, до 2030 година. Од гигантот потенцираат дека до 2025 година, секој од претставниците во портфолиото на Toyota и Lexus ќе се нуди и во електрифицирани опција. За постигнување на оваа своја амбициозна цел, од Toyota Motor Corporation ќе се залагаат за сериозно пазарно навлегување на хибридни, plug-in хибрид, целосно електрични и автомобили на водород. Кога е еликтрификацијата во прашање Toyota веќе потпиша догопвор за соработка со гигантот Panasonic.
Од Toyota најавија дека работат темелно на популаризацијата на целосно електричните автомобили, а повеќе од 10 такви предлози ќе бидат достапни за купување во почетокот на следната деценија. Офанзивата на компанијата ќе започне од Кина, по што ќе следат Јапонија, Индија, САД и Европа.
За истиот временски прозорец, од Toyota Motor Corporation ветуваат и сериозно зголемување на палетата водородни автомобили, а на оваа тема ќе има нови предлози како кај патничките, така и кај комерцијалните возила.