fbpx

Toyota објави план за лесни комерцијални возила

Toyota постави план за раст на сегментот на лесни комерцијални возила (LCV) и објави нов бренд Toyota Professional

Компанијата планира да ја зајакне понудата на лесни комерцијални возила, така што ја претстави LCV бренд стратегијата Toyota Professional. Toyota PROACE CITY почнува со продажба на почетокот на 2020 година заокружувајќи ја палетата на LCV на Toyota.

лесни комерцијални возила

PROACE CITY ќе претставува конкурент во сегментот на компактни фургони (Compact Duty Van – CDV), нудејќи практичност, дизајн, голем капацитет на носивост и способност за транспорт на големи товари (две Euro палети).

лесни комерцијални возила

Построгите регулативи за емисиите на штетни гасови во многу европски градови наметнуваат фактори кои ги менуваат барањата и приоритетите на потрошувачите на лесни комерцијални возила. Во соработка со PSA, Toyota ќе понуди и електрични верзии (BEV – Battery Electric Vehicle) на моделите PROACE и PROACE CITY кои ќе бидат претставени во 2020 и 2021 година со цел да се задоволат потребите на купувачите.

Поврзани вести

Back to top button