fbpx

Toyota Proace City отсега и на македонскиот пазар

Toyota Авто Центар ја проширува својата понуда на македонскиот пазар со воведување на комерцијалното возило на Toyota - Proace City

Понудата на комерцијални возила на македонскиот пазар од овој септември е збогатена со новиот член на професионалните возила во гамата на Toyota – Proace City. Компаниите и бизнис лицата сега добиваат дополнителен избор во потрагата по верен и издржлив партнер во работата со кој доставата станува многу полесна, а возењето побезбедно од било кога.

Proace City на македонскиот пазар пристигнува во две варијанти. Првата е Van која претставува комерцијална изведба, а втората е Verso и е патничка верзија. Proace City Van изведбата на македонскиот пазар ќе се нуди со две должини на товарниот простор. L1 има должина од 1.817 милиметри, додека L2 има должина од 2.167 милиметри. Smart Cargo опцијата нуди должина за товар и до 3.400 милиметри. Кога станува збор за капацитетот на товарење, Smart Cargo опцијата нуди и до 4,3 метри кубни волумен.

Toyota Proace City

Треба да се земе предвид дека товарната верзија има простор од 2 евро палети. Ова претставува уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата која изнесува до еден тон. Без разлика дали станува збор за патничката или комерцијална верзија, Toyota Proace City се нуди со широк опсег на мотори. Конкретно, во понудата се наоѓаат два бензински и три дизелски мотори, со распон на моќноста од 75 до 130 КС. Сите мотори, како што велат од Toyota, имаат најдобра потрошувачка во класата, а притоа имаат и најниска емисија на CO2.

„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на Toyota покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. Toyota нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%“, изјави Ана Трајковска, mаркетинг менаџер во Toyota Авто Центар.

Toyota Proace City пристигнува со подобрени перформанси и практичност, како и високо ниво на безбедност при возењето. Притоа, не треба да се заборави ниту удобноста за возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните обврски. Автомобилот се нуди во повеќе нивоа на опременост, а сервисниот интервал е на секои 20.000 километри.

Поврзани вести

Back to top button