fbpx

Toyota со ново најавно видео за престојниот Yaris GR-4

Тоyota го закажа официјалното деби за новиот Yaris GR за 10 јануари идната година, а сега објави ново промотивно видео за својот нов хечбек

Јапонскиот производител се уште си „поигрува“ со тизер видеа пред Yaris GR да го дочека своето деби во јануари. Во последното објавено видео го покажува автомобилот во акција со познати WRC возачи зад управувачот. Иако се уште не е официјално потврдено, новиот Yaris, според она што се гледа на снимката, најверојатно ќе има погон на четири тркала.

Како и да е, во новото видео рели ѕвездите От Танак, Крис Мик и Јари Мата Латавала, како и предводникот на Toyota WRC Team Томи Макинен, седнуваат зад управувачот на Yaris GR и ги споделуваат своите искуства со камерата. А кога легенда како Макинен вели дека возењето е возбудувачко, тогаш јасно е дека нешто добро ни доаѓа следната година.

Yaris GR

Претходниот тизер за автомобилот потврди дека дебито ќе се случи на 10 јануари за време на авто салонот во Токио 2020. Првичниот план на производителот беше да ја одржи промоцијата за време на Rally Australia (14-17 ноември). Сепак, откажувањето на рели трката ја одложи и светската премиера на автомобилот.

Се уште не се официјално претставени никакви технички детали. Се верува дека хечбекот ќе има четири-цилиндричен мотор со турбо-полнење со мануелен менувач и AWD систем. Голем број механички надградби од WRC автомобилот на Toyota исто така ќе се најдат под хаубата на серискиот модел.

Уште едно парче од сложувалката кое недостасува е околу достапноста на моделот. Се уште не е познато дали Yaris GR ќе биде регуларен производствен автомобил или лимитирана серија. Таков беше случајот со Yaris GRMN, кој беше изработен во само 400 примероци за Европа. Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за хомологациски модел, поради што јапонската компанија мора да произведе 25.000 патни примероци во 2020 за да ги пресретне регулациите на WRC.

https://youtu.be/zRtg1jg7TTQ

Поврзани вести

Back to top button