fbpx

Новата Toyota Supra може да добие ново име

Сите фанови на Toyota се во очекување на наследникот на легендарниот спортски автомобил Supra, кој најверојатно ќе видиме кон крајот на следната година

Изненадувачки, купето може да не го добие светски познатото име. Тоа го потврди потпретседателот на јапонската марка, Џек Холис, кој говореше пред медиуми за време на салонот во Лос Анџелес претходно оваа недела. „Да, имаме други опции за име, иако и Supra е сеуште меѓу актуелните што се на списокот.
Supra
Гласините на она што ќе се најде под каросеријата на новата јапонска спортска икона се се` почести и актуелни. Најверодостојни се изгледа информациите дека основната верзија на моделот ќе се движи од 2.0-литарски турбо мотор со 192 КС, а над него ќе стои варијанта со истиот мотор, но со 252 КС.

На врвот во гамата, барем првично ќе се позиционира 3.0-литарски 6-цилиндерски агрегат, чија моќност ќе биде 340 КС, а вртежниот момент ќе достигнува 450 Nm. Се верува дека возилото ќе ги користи мотори од BMW со 252 КС, кој одговара на моделот на Баварците ставен во 330i.

Апсолутен предводник на новата Supra се очекува да биде хибридна верзија, која ќе користи турбо мотор од BMW и електромотор од Toyota.

Поврзани вести

Back to top button