fbpx

Toyota Supra GR со 2,0-литарски турбомотор пристигнува во Европа

Toyota во март ќе ја понуди петтата генерација на Supra во комбинација со 2,0-литарски четирицилиндричен турбобензински мотор и на купувачите во Европа

Некогаш ексклузивно резервирана за домашниот, јапонски пазар, Toyota Supra GR 2.0 сега може да се нарача и во Европа. „Производството ќе започне наскоро“, велат од Toyota, а датумот за почеток на продажба во Европа е предвиден за март 2020 година.

Во Toyota сметаат дека нивниот спортски модел Supra (кој изворно се нуди со трилитарски 6-цилиндричен мотор) во комбинација со помал 2,0-литарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор ќе привлече поголем број купувачи на Стариот континент, дел и поради значително пониската цена која ќе биде позната во пресрет на почетокот на продажбата.

Истовремено, во одделот на Toyota, Gazoo Racing сметаат дека Supra со помалиот мотор, пресекот од 1,55 меѓу меѓуосовинското растојание и трагот на тркалата, како и распределбата на масата по осовини во размер 50:50 нема да биде помалку забавна од посилната верзија чиј 6-цилиндричен битурбо мотор располага со 340 КС и 500 Nm најголем вртежен момент кој на задната осовина се дистрибуираат со посредство на автоматски менувач.

 

„Ова за нас беше огромен предизвик, но не сакавме било каков компромис во остварување на поставените цели“, изјави Тецуја Тада, главниот инженер на GR Supra za 2020 моделската година.

Според WLTP, емисијата на CO2 изнесува 156 грама по минат километар. Кога тоа ќе се претвори во просечна потрошувачка, таа изнесува прилично ниски 6,5 литри на 100 километри.

Toyota GR Supra 2.0 ќе се нуди со различни опции

2,0-литарскиот четирицилиндричен турбобензински мотор, како што наведовме, развива 258 КС и 400 Nm, а преносот на силата на задната осовина и во овој случај е доверен на ZF 8-степениот автоматски менувач. Сто килограми полесен од посилната верзија, оваа Supra помалку од 0 до 100 километри на час стигнува за 5,2 секунди и развива електронски ограничени 250 километри на час.

Дел од опремата ја сочинуваат 18-инчни алуминиумски тркала, аудио систем со четири звучници, 8,8-инчен екран, спортски седишта со црна алкантара, систем за препознавање на пешаци и велосипедисти, одржување на возилото во сообраќајната лента, систем за препознавање на сообраќајни знаци, и така натаму.

Ќе се нудат и три опциони пакети (Connect, Sport i Premium). Првиот додава сателитска навигација и дигитални сервиси, пакетот Sport нуди кочници со поголем капацитет, адаптивен систем на потпирање и активен диференцијал,а со Premium пакетот, меѓу останатото, вклучува 12 звучници и JBL премиум аудио уред. На крајот, треба да се напомене дека со моделот Fuji Speedway Edition кој ќе се нуди само во 200 примероци во Европа, пристигнуваат црни 19-инчни фелни, црвени куќишта за ретровизорите и кабина која е обложена во комбинација на кожа, алкантара и карбон.

Поврзани вести

Back to top button