fbpx

Toyota Supra GRMN пристигнува годинава со поголема моќност

Многу посилна верзија на Toyota Supra GRMN со моќност од речиси 400 коњски сили ќе се појави во текот на оваа година

Оваа Toyota Supra GRMN ќе се напојува со 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со турбо полнач кој развива 395 КС. Исто така, според најавите, овој модел ќе биде со помала тежина благодарение на користењето на компоненти направени од карбон, а каросеријата ќе биде зацврстена, додека системот на потпирање подобрен во однос на досегашниот. Исто така, се очекува и нешто поагресивен изглед на автомобилот.

Шпекулациите за посилната верзија на Toyota Supra GRMN кружат веќе подолго време, а главниот инженер Тецуја Тада откри дека Toyota планира секоја година да претставува по една нова верзија на купе модели. Со оглед на тоа дека дебитираше во 2019 година (за моделската 2020), тоа значи дека нешто ново ќе пристигне во Supra во престојните месеци.

Посилната верзија на Supra веројатно нема да има мануелен менувач, а тоа е показател дека постојат приоритети кога станува збор за инвестициите. Тада посочува дека Toyota може да направи посилно купе или да развие мануелен менувач, но не и двете работи истовремено.

Toyota не би требало да има проблеми со зголемувањето на силата на Toyota Supra GRMN бидејќи британскиот тјунер Litcfield само со ремапирање на ECU единицата ја подигна моќноста на 420 КС од стандардните 335 КС. Дури и тркачот на Toyota, Supra GT4 развива 429 КС иако се напојува од 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со турбо полнач, кој се вградува и кај „цивилната“ верзија на моделот.

Поврзани вести

Back to top button