Тoyota и Ѕuzuki ќе разменуваат модели
Toyota Motor Corporation (Toyota) и Suzuki Motor Corporation (Suzuki) објавија дека двете компании постигнале договор за заедничка активност на територијата на индискиот пазар
Според договорот, Suzuki ќе ја снабдува Toyota со модификации на моделите Baleno и Vitara Brezza, а обратна операција ќе биде во форма на Toyota Corolla за Suzuki. Автомобилите ќе бидат понудени на индискиот пазар од соодветните претставници на двете марки, а дополнителни детали за пазарното лансирање, цени и спецификации, ќе бидат објавени во подоцнежна фаза.
Во ноември минатата година, Suzuki и Toyota објавија дека потпишале меморандум за разбирање, според кој двете марки ќе пуштат на индискиот пазар целосно електрични автомобили од 2020 година, за чие производство одговара токму Suzuki, а од Toyota ќе одговараат за техничка поддршка на проектот.