fbpx

Toyota со тизер за новиот Yaris GR-4 за Gazoo Racing

Gazoo Racing на Toyota ќе се појави во WRC шампионатот во целосно нов автомобил базиран на хечбекот GR-4

Помина многу време откако вистински рели автомобил се појавил со хомологација, но тоа е нешто што Toyota планира да го промени во следниот период. Откако го завршија Светскиот рели шампионат со сегашниот автомобил Yaris WRC, тркачкиот тим на Toyota, Gazoo Racing, не губи време за да го подготви моделот за 2020. година, кој ќе се заснова на модифицираната верзија на неодамна промовираниот Yaris.

Овој модел ќе биде наречен Yaris GR-4 кој ќе има драматични пропорционални промени во однос на стандардот врз кој Yaris се базира. Она што е веднаш видливо е долата покривна линија и променетите лакови на тркалата, но промените ќе одат уште подетално, со ревидирана суспензија и нова задна оска, на кои веќе се работи.

Новиот тизер ни дава прв поглед на овој модел во акција. Иако поголемиот дел од деталите се сокриени зад камуфлажата на Gazoo Racing, видеото ни нуди преглед на предницата и страничниот изглед на моделот, откривајќи дека тркалата, гумите и системот за потпирање се многу слични со оние на тркачки автомобил од WRC.

Краткото видео исто така ни дава можност да го чуеме грубиот звук на издувниот систем, и иако деталите допрва треба да бидат објавени, во него се потврдува да се користи четири-цилиндричен погонски агрегат. Звукот исто така укажува и на употребата на рачен менувач во овој автомобил.

Иако стандардниот Yaris има погон на предни тркала, на јапонскиот пазар достапен е и со систем со погон на сите тркала, за што е потребна пософистицирана задна оска. Токму ова може да биде нешто ново во оваа верзија на Yaris GR-4 со високи перформанси, без оглед дали ќе се користи погонот на сите тркала или не.

Yaris WRC на Gazoo Racing 2020 се разликува толку многу од стандардниот Yaris што овој хомологиран модел ќе мора да се произведе. За разлика од старите правила на групата N во WRC, кои бараа лимитиран број на производство на слични редовни верзии со цел да се усогласат, денешните правила овозможуваат поширока меѓусебна адаптација на патната и рели верзијата на автомобилот. Освен вложувањата надвор од овие ограничувања, како што очигледно Toyota Gazoo Racing има направено, потребно е и многу поголемо производство за да се хомологира тркачкиот автомобил.

Како таков, Yaris GR-4 нема да биде ограничен само на неколку стотици единици. Наместо тоа, Toyota ќе мора да произведе цели 25.000 единици следната година за да се придржува до регулациите на WRC. Останатите детали, вклучително и оние за погонот, остануваат недостапни во моментов, но презентацијата е закажана за почетокот на идната година.

Инаку, Toyota Gazoo Racing тимот го потврди целосно новиот состав кој ќе се натпреварува во следната сезона. Шесткратниот шампион Себастиен Огие, докажаниот рели победник Елфин Еванс и ѕвездата во подем Кале Рованпера ќе му се приклучат на тимот со нивните копилоти.

Поврзани вести

Back to top button