fbpx

Трамп го поддржа бојкотот на бајкерите против Harley Davidson

Американскиот претседател Доналд Трамп ги поддржа на Twitter мотоциклистите кои сакаат да го бојкотираат Harley-Davidson. Бајкерите саккат да преземат соодветни мерки поради одлуката на компанијата да изнесе дел од своето производство надвор од САД.

„Многу сопственици на мотоцикли од Harley-Davidson планираат да прогласат бојкот кон компанијата, ако таа  го префрли своето производство во други земји. Прекрасно! Голем број други компании доаѓаат кај нас, вклучувајќи ги и конкурентите на Harley. Затоа за нив во САД наскоро ќе има еднакви услови или дури подобри“, напиша Трамп на социјалната мрежа.

Во јуни Harley-Davidson одлучи да го префрли производството на мотоциклите кои ги продава во Европа, од САД и во други земји. Причината за тоа беа најавените контрамерки на ЕУ против одлуката на Трамп да наметне царина за увозот на челик и алуминиум. Компанијата пресмета дека тарифите ќе ја кренат цената на секој произведен во САД мотоцикл за 2.200 долари. Сеуште Harley-Davidson не е објавил во кои земји планира да го префрли производството на „европските” модели?

Од своја страна Трамп изрази изненадување од одлуката на компанијата. Тој го нарече овој нејзин потег кревање „бело знаме”.

„Изненаден сум од одлуката на  Harley-Davidson. Јас се борев цврсто за нив и на крајот нема да плаќаат

даноци на промет во ЕУ. Овој „компромис“ причини големи трговски загуба за САД во износ 151 милијарди долари”, напиша претседателот.

Во следните 10 години Harley-Davidson планира да лансира на пазарот десет нови модели. Еден од нив ќе биде целосно електричен. Раководството на компанијата одлучи неодамна да инвестира дополнителни средства во развојот на електрични технологии, кои треба да се привлечат нови фанови кон продукции нејзините.

Поврзани вести

Back to top button