fbpx

Трендот на поскапување продолжува, РКЕ со нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја

РКЕ го продолжува трендот на поскапување на горивата во нашата земја, а со својата најнова одлука, малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,28 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Според најновата одлука, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, додека Еуродизелот поскапува за половина денар. Ова значи дека од ноќеска на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 64,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 66 денари, додека Еуродизел ќе се точи по цена од 55 денари за литар гориво.

Од РКЕ својата одлука за ново поскапување ја објаснуваат со тоа дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат зголемување – кај бензинот за речиси 4,5, а кај дизелот за речиси 3 проценти.

Поврзани вести

Back to top button