fbpx

„Златно тркало 2022“, по 3. пат објавена широката листа

Националниот избор за најпосакуван автомобил влегува во третата година од своето постоење, а за таа цел објавена е пошироката листа на кандидати за наградата „Златно тркало“

Сега веќе традиционално, во своето трето издание, наградата „Златно тркало“ се враќа на сцената, а Националниот избор за најпосакуван автомобил започнува со своите активности. За таа цел, организаторите ја објавија листата на новитети на македонскиот пазар од кои официјалните импортери ќе можат да ги пријават своите адути во трка за наградите.

По успешните претходни изданија во време на пандемија, „Златно тркало“ продолжува да поставува трендови, па така трета година по ред ќе се избираат најпосакуваните автомобили во различни категории, како и добитникот на Главната награда според гласовите на македонската јавност.

Во конкуренција влегуваат возила кои пристигнаа или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето. Авто Плус, заедно со останатите организатори, оформи листа, а останува на импортерите да ги издвојат своите модели со кои ќе учествуваат. По ова, ќе се формираат различни категории, а секој кој има пристап до глобалната интернет мрежа ќе може да го даде својот глас за својот фаворит.

Audi

Mercedes-Benz

Volkswagen

A3 C-Class ID.3
e-Tron S-Class ID.4
Q5 Sportback Arteon Facelift
Caddy

BMW

MINI

Kia

iX Cooper Facelift Ceed Facelift
4 Series Gran Coupe ProCeed Facelift
X3 & X4 Facelift Sportage
Sorento

Fiat 

Renault

Ford

500e Megane Conquest Fiesta Facelift
Tipo Cross Megane Facelift Focus Facelift

Seat

Nissan

Škoda 

Arona Facelift Qashqai Kodiaq Facelift
Ibiza Facelift Fabia
Enyaq

Jaguar

Toyota 

SsangYong

E-Pace Facelift Yaris Cross Rexton Facelift
F-Pace Facelift Highlander

Camry Facelift

DFSK

Jeep 

Glory 500
Renegade 4xe

Citroen

Wrangler 4xe C3 Aircross Facelift
Cherokee e-C4

Peugeot

Compass 4xe C5 Aircross PHEV 308
3008 Facelift PHEV4

Dacia

508 PHEV

Hyundai

Logan

Porsche

i20 Duster Facelift Macan Facelift
i30 Facelift Taycan Cross Turismo
Tucson

Opel

Bayon Mokka
Sonata Astra

По пријавата на кандидатите ќе биде објавена и конечната листа на учесници кои ќе конкурираат во Националниот избор за автомобил на годината. Сите автомобили-кандидати ќе бидат тестирани од страна на организаторите, а импресиите и впечатоците ќе бидат споделени со јавноста. Гласањето ќе се одвива на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk, додека доделувањето на наградите ќе се одржи во текот на годината на специјален гала настан.

Поврзани вести

Back to top button