fbpx

Triumph и Williams во алијанса за производство на електрични мотори

Triumph се подготвува да влезе во бизнисот со електрични мотоцикли и за таа целта оформи алијанса

Triumph се подготвува да влезе во бизнисот со електрични мотоцикли и за таа целта оформи алијанса, поддржана од копаниите Williams Advanced Engineering, Integral Powertrain Limited и WMG од Универзитетот во Ворвик за да го олесни стартот на новиот потфат.

Првиот проект се нарекува Triumph TE-1, а е делумно финансиран од англиската влада со надеж дека Обединетото Кралство ќе заземе соодветна положба во проширување на пазарот на електрични мотори. Секој од учесниците во Алијансата има свои задачи – водечки е Triumph, кој ќе ги обезбеди сите „мото“ делови за проектот, ќе создаде прототипи, ќе учествува во дизајнот, ќе го интегрира рекуперативното запирање, ќе придонесе со напредни системи за безбедност и ќе утврди што е потребно да се направи во насока на електричниот погон.

Triumph

Williams Advanced Engineering ќе дизајнира, развива, произведува и интегрира лесна, компактна батерија, управувач и систем за контрола на мотоциклот во машината. Integral Powertrain’s e-Drive дивизијата ќе одговара за погонот. За овој проект се развива целосно нов со висока моќност и силициум карбид инверторот, интегриран во телото на моторот. Одделот на WMG Универзитетот ќе се фокусира на комерцијализацијата, моделирањето и симулацијата на идните потреби на пазарот.

Државната агенција за иновации – Innovate UK, со основана поддршка на науката и технологијата, ќе обезбеди државна поддршка и административно финансирање за проектот. Ако оваа соработка донесе повеќе електрични мотоцикли на патиштата, тоа несомнено ќе биде победа за различните државни агенции кои се занимаваат со намалување на нечистотиите од возилата.

Поврзани вести

Back to top button