Turbo PureTech 110 S&S и 130 S&S по четврти пат на тронот
Бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo PureTech 110 S&S и 130 S&S во категорија 1.0 до 1.4L е избран за „Мотор на годината “ по четврти пат!
Новата генерација на мотор PureTech се карактеризира со подобрени перформанси и зголемена ефикасност, а намалена потрошувачка. Овие мотори гарантираат: намалена потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори, намалување од 75% на емисија на честички благодарение на FAP филтерот и почитување на стандардите RDE предвидени да стапат на сила од 2020 година и се адаптираат на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни SUV.
Овие бензински мотори од нова генерација за прв пат се вградени во 2017 година и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави. Овие мотори ги почитуваат европските регулативи Euro 6.
„Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање. Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната“, потенцира Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA.
Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел, како и во кинеската Ксианд Јанг.