fbpx

TÜV го објави извештајот за 2020 година

Организацијата TÜV која ги следи и надгледува станиците за технички преглед во Германија го објави својот инспекциски извештај

Овој извештај е направен врз база на 9 милиони прегледани возила за период од јули 2018 до јули 2019 година. Според извештајот просечната старост на возилата изнесува 9,5 години, споредбено со 2010 година кога просечната старост на возилата бил 8 години. Еден на секои илјада тестирани автомобили е исклучен од сообраќајот.

Како победник или најбезбеден половен автомобил и возила стари две до три години е Mercedes-Benz GLC со 2,17 проценти на недостатоци. Второто место го делат Porsche 911 (2,20 процент на недостатоци) и Mercedes SLK / SLC (2,20 процент на недостатоци).

Porsche 911 е победник во категоријата на возила со просечна старост од пет години и тоа со Type 991, додека кај возилата со просечна старост од единаесет години со Type 997. Во категоријата мали автомобили, прв е Audi A1 (со 3,1 процент недостатоци). Со низок процент на недостатоци не се прославија возилата Fiat Punto (10.8) и Dacia Logan (13,6). Во класата на мини автомобили, Opel Adam (4,0) има најмалку недостатоци.

Поврзани вести

Back to top button