Уникатно MINI за свадбата на принцот Хари и Меган Маркел
Легендарната марка MINI најави дека во чест на претстојната свадба на принцот Хари и Меган Маркел, на 19 мај, создала единствен автомобил- MINI Hatch, кој ќе биде дониран по церемонијата од новото семејство во добротворни цели
-Ние од MINI, англиска марка со речиси 60-годишна историја во Велика Британија, имаме посебна чест и задоволство да ја одбележиме кралската свадба, со овој специјален добротворен подарок, вели Оливер Хeјлмер, шеф на единицата за дизајн на MINI. – Посебен тим го создаде овој MINI Hatch специјално за оваа пригода. Неговиот специјално развиен дизајн и рачно нацртана креација на покривот е вистинско ремек дело, која се комбинира со 3D печатени персонализирани елементи на ентериерот и екстериерот со специјалните везови, што го прави MINI навистина уникатен.