fbpx

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Летечките автомобили веќе со децении се „следното големо нешто“ во светот на автомобилизмот, а тоа во многу брзо време ќе биде и возможно

Urban Aeronautics го лансираше проектот CityHawk, електричниот летечки автомобил со вертикално полетување и слетување. Компанијата ги инкорпорираше хидрогенските ќелии од HyPoint во својот летечки автомобил, а ако се суди според фотографиите кои ги објави компанијата, CityHawk ќе има два резервоари за водород, како и две горивни ќелии. Електрицитетот генериран од нив ќе ги напојува двата електромотори кои испорачуваат по 952 КС.

Електромоторите ги напојуваат внатрешните ротори со таканаречена Fancraft технологија. Роторите имаат иновативни аеродинамични технологии кои ветуваат дека ќе се подобри контролата, стабилноста и брзината додека исто така се подобрува безбедноста и намалувањето на бучавата.

Освен тоа, горивните ќелии овозможуваат „супериорни енергетски перформанси“ како и животен век од приближно 20.000 часа. Како и кај останатите хидрогенски возила, така и на овој летечки автомобил му требаат само неколку минути за да се надополни со „гориво“, наместо да се чека со часови за полнење на батериите.

Хидрогенскиот летечки автомобил може да достигне максимална брзина од 201 километар на час и да патува 161 километар пред да биде потребно надополнување. Ова и не е голема дистанца, но треба да се земе предвид дека ова возило е замислено како летечко такси и спасувачко возило.

CityHawk е одлично за такси со оглед на тоа дека леталото може да смести до пет патници и може да лета било каде и да слета било каде, со што се овозможува door-to-door транспорт. Доколку нешто тргне наопаку, летечкиот автомобил има падобран за итни случаеви кои гарантираат безбедно слетување на CityHawk на тлото.

CityHawk

Сепак, ќе треба да почекаме некое време за да можеме да се возиме во овие летечки таксиња, со оглед на тоа дека извршниот директор на компанијата истакна дека CityHawk нема да биде подготвен до крајот на деценијава.

Поврзани вести

Back to top button