Утре стартува гласањето за Златно тркало 2025!

Гласањето за шестото издание на наградата Златно Тркало започнува утре (15.03, сабота), а Вие, автомобилските вљубеници и ентузијасти, имате можност да го изберете вашиот фаворит во секоја од петте категории.
Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, кој веќе шеста година по ред го освојува вниманието на автомобилските фанови, продолжува да се истакнува како вистинско освежување во автомобилскиот медиумски простор. Конечната листа брои вкупно 20 кандидати, а гласачите сигурно ќе бидат на слатки маки да го одберат својот фаворит во секоја од следниве пет категории:
- Најпосакуван Семеен Автомобил
- Најпосакуван Градски Автомобил
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил
- Најпосакуван Премиум Автомобил
- Главна награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2025 година
Организаторот на овој настан Авто Плус, заедно со CarClub, RPM и CarbyVik, подготвија богата содржина за да ги приближат финалистите до вас. На централниот сајт на Златно Тркало ќе најдете тестови, видеа, текстови и сториња за секој од номинираните модели. Ваша задача е да ги разгледате, да ги процените и да го дадете вашиот глас за најдобрите во секоја категорија.
На листата на финалисти се наоѓаат автомобили кои официјалните увозници ги номинирале, а кои се пристигнати на македонскиот пазар во изминатите 12 месеци. Ова е вашата можност да влијаете врз изборот на најдобрите автомобили за 2025 година!
Гласањето се одвива на централниот сајт на Златно Тркало – www.zlatnotrkalo.mk. Затоа, потсетување, од утре, 15 март (сабота), па сè до 31 март, сите вљубеници во автомобилите имаат можност да гласаат за своите миленици на четири тркала. Не пропуштајте ја можноста да учествувате и да го искажете вашиот глас за автомобилите кои ги сакате и цените.
Вашиот глас е важен – гласајте за вашиот фаворит!