Бескомпромисниот V60 сега достапен и за тест возење
Тимот на Volvo Cars Macedonia деновиве соопштија дека новиот Volvo V60 е сега дел од гамата на возила достапни за тест возење
Под слоганот „Создаден за генерации“ новиот Volvo V60 е претставен на светско ниво, а со цел да се уверат во ова, застапникот на овој бренд во Македонија им нуди можност на сите заинтересирани клиенти да седнат позади управувачот на новиот модел.
Моделот V60 на нашиот пазар ќе се продава со почетна цена од 47.300 евра, во кој е вклучен дизелски агрегат и моќност од 150 КС. Бескомпромисниот дизајн и изработка се веќе препознатливи за Volvo, а во него може да ги добиете или одберете најновите технолошки остварувања на брендот, како и висок степен на можности за персонализација според Ваш вкус.
Сите заинтересирани се поканети да се обратат во Volvo Cars Macedonia, односно во салонот на Премиум АГС, кој се наоѓа на улица Перо Наков бр.25 во Скопје. Исто така, присутна е и опцијата за онлајн закажување на тест-возење на https://premiumags.volvocentar.mk/test_drive.
Покрај новиот V60, Премиум АГС како новитет ни го соопшти и новиот Volvo Centar чија изградба е во завршна фаза. Тие наскоро најавија датум за официјалното отворање на првиот салон на Volvo Cars во Македонија, кој ќе биде изработен според светските Volvo стандарди. Со ова, Македонија конечно ќе добие рамноправно место на светската мапа на Volvo Cars и ќе биде во можност да ги пречека потенцијалните клиенти во ултра-модерни простории дизајнирани специјално за овој премиум бренд.
Volvo Cars Macedonia ги повикува сите сопственици на Volvo автомобили да ги посетат и да добијат бесплатен преглед и компјутерска дијагностика, како и да се запознаат со нивниот нов Volvo сервисен советник.