fbpx

Во Велика Британија се поголем интерес за електрични автомобили

Компанијата HPI, една од највлијателните на британскиот пазар за информации за експлоатација на автомобили, спроведе истражување, кое нуди сериозни надежи за производителите на електрични возила

Дури 83% од анкетираните 1.000 лица, од кои сите управуваат возила секојдневно или неколку пати неделно, се на мислење дека нивниот следен автомобил ќе биде најверојатно електромобил. Помладите возачи се поблиску до идејата за купување електричен автомобил. Вкупно 91% од возачите родени во раните 80-ти или малку подоцна, рекоа дека размислуваат да купат електричен автомобил.

Во исто време, само 32 од учесниците во истражувањето на возраст меѓу 55 и 64 години признале дека би ја разгледале можноста за купување на електромобил.

Интересно е дека овие резултати се спротивни на истражувањето на весникот The Independent, според кое едвај 35% од британките возачи се подготвени да возат електромобил. Две третини од испитаниците признаваат дека основната загриженост при купувањето на електромобил е недоволниот број станици за полнење, а 56% се загрижени од се уште високите цени на електричните автомобили.

електрични

Поврзани вести

Back to top button