Vera, автономниот камион на Volvo Trucks, со првата задача во Шведска
Електричниот и автономен камион Vera на Volvo Trucks станува дел од интегрирано решение за транспорт на стока од логистички центар до пристанишен терминал во Гетеборг, Шведска
Ова е резултат на новата соработка помеѓу Volvo Trucks и DFDS Ferry and Logistics Company. Целта на соработката е Vera да обезбеди поврзан систем за континуиран проток на стоки од логистичкиот центар на DFDS до пристанишен терминал за дистрибуција низ целиот свет.
Во 2018 година, Volvo Trucks го претстави своето прво електрично и автономно решение наменето за повторливи операции во логистички центри, фабрики и пристаништа. Vera е погодна за прецизен транспорт на големи количини на производи со краток дострел.
„Веќе имаме можност да го користиме моделот Vera во идеална средина и да продолжиме да го развиваме неговиот потенцијал за други слични операции“, вели Микаел Карлсон, потпретседател во Volvo Trucks.
Целта е да се спроведе поврзан систем кој се состои од неколку возила Vera следени од контролната кула. Ова ќе овозможи непречено и постојан проток што ги задоволува барањата за поголема ефикасност, флексибилност и одржливост. Соработката со DFDS е првиот чекор во спроведувањето на Vera во реална транспортна задача со претходно дефинирана рута на јавни патишта во индустриска зона.
Автономното транспортно решение ќе биде дополнително адаптирано како технологија, управување со операциите и подобрување на инфраструктурата пред да може целосно да функционира. Покрај тоа, потребните безбедносни мерки ќе бидат преземени во согласност со постоечките барања.