Vesta Sport- новиот предводник на LADA
LADA најави дека за време на меѓународниот салон во Москва, кој ќе се одржи во текот на следниот месец, ќе се одржи официјална премиера на новата спортска верзија на моделот Vesta
Дизајнот на LADA Vesta Sport е инспириран од прототипот Vesta Sport Concept, претставен за време на московскиот салон во 2016 година. Но, сосема разбирливо, во однос на студијата сериската верзија секако има многу поинакви стилистички и инженерски решенија.
Vesta Sport доаѓа со специјално развиен надворешен пакет, вклучувајќи нов заден спојлер со интегрирано диодно стоп светло, оддалеченоста на возилото од патот е намалена за 16 mm, 17-инчни фелни, странични ретровизори со сјаен црн лак…