VEX е новиот роботски елек од KIA
KIA го разви роботскиот елек VEX со цел да обезбеди полесно производство и да им помогне на работниците кои поминуваат многу часови со рацете над глава
Од компанијата велат дека е надминат квалитетот и можностите споредбено со другите роботски помагала бидејќи VEX нуди поголема поддршка при оптоварување, подвижност, прилагодливост и издржливост. VEX или Vest Exoskeleton ја подобрува физичката сила на работниците во производството со имитирање на движењето на зглобовите кај луѓето, обезбедувајќи подобра поддршка и подвижност.
Елекот користи полицентрични осовини и е прв од ваков вид во светот. Наменет е првенствено да го намали товарот на вратот и грбот на работниците кога тие треба да ги држат рацете над главата подолго време. VEX е до 42% полесен од другите конкурентски производи и може да се носи како ранец. Задниот дел може да се прилагоди во должина и ниво на моќност- до 6,6 kgf (kilogram-force/килограм-сила).
Развојот на овој елек е резултат на 10-месечна пилот програма во две фабрики во САД. Тестот се покажал како доста успешен бидејќи олеснетата работа довела до зголемена продуктивност. Како дел од своите планови за развој на разни роботски технологии, Hyundai-Kia веќе го лансираше роботското помагало CEX (Chairless EXoskeleton).