Видео од тестирањето на e-tron Sportback во Финска
По шпионските фотки кои го фатија прототипот на Audi од секој агол, призводителот одлучи да издаде официјално видео од автомобилот кој се тестира во снежни услови
По премиерата, концептот на Audi стана актуелна тема во светот на електричните возила. Електричниот SUV добива и своја производна верзија, чиј прототип е главна мета на автомобилските папараци. До сега објавени се низа шпиунски фотки од маскираниот e-tron Sportback, кои го доловуваат изгледот на автомобилот речиси од секој агол.
Како одговор на ова, германскиот производител објави официјално видео од тековното тестирање на електричниот SUV, во снежни услови во ладната Финска. Сепак, подетални информации не беа објавени, а се што ни е познато е дека новиот e-tron Sportback доаѓа во купе стил. Производство ќе се одвива во Брисел, Белгија, а продажбата треба да започне до крајот на 2019 година.
Оваа Sportback верзија на e-tron е базирана на стандардниот e-tron SUV, со што му овозможува на Audi да го зголеми производството и продажбата на автомобилот, со притоа намалени трошоци.
Концептниот e-tron Sportback беше претставен во 2017 година, и доаѓаше со 95 kWh батериски пакет, 500 километри возен опсег, моќност од 495 КС и два мотори со погон на сите четири тркала.