Викенд тарифа: Alfa Romeo со F1 болид на автопат прослави 133-ти роденден
Помина една година откако Валтери Ботас возеше F1 на улиците на Милано за 112-тиот роденден на Alfa Romeo. За својот 113-ти роденден оваа година, италијанската марка организираше сличен настан, при што F1 возачот, Џоу Гуанју, правеше егзибиции со болидот во фабриката на Alfa Romeo пред да го изнесе истиот на автопат.
Болидот возеше од Piedimonte San Germano до излезот Pomigliano d’Arco, излегувајќи рамно по празниот автопат. Се разбира, овој дел беше затворен за јавноста, овозможувајќи уникатно искуство за F1 возачот, екипата за снимање и работниците на патарините. Ако се прашувате, „Transito Mezzi Eccezionaly“ што е напишано на таблите на автопатот е италијански за „превоз на исклучителни возила“. Патувањето завршува во фабриката на Alfa Romeo Giambattista Vico во близина на градот Неапол, за F1 да се сретне со Tonale.
Прославите за роденденот на Алфа Ромео ќе продолжат и во текот на викендот, со различни настани, паради и активности што ги одржува Музејот на Alfa Romeo.