Викенд тарифа: Audi го најави R26 концептот за Formula 1

Audi го претстави R26, F1 концепт со 1.006 КС и нова дизајнерска филозофија, кој го најавува влезот во Formula 1 во 2026 година

Audi официјално го претстави новиот R26 концепт, возило што ја најавува нивната прва Formula 1 болидска генерација. Концептот ја открива насоката на дизајнот, технологијата и ливеријата на идниот тркачки автомобил кој ќе биде претставен во јануари, а своето прво официјално деби ќе го има во март следната година.

Дизајн инспириран од Concept C и нова визуелна филозофија

R26 е создаден со цел да го привлече вниманието и да постави темел за нов визуелен идентитет на Audi во F1. Дизајнерите ја следат истата филозофија која беше претставена со Concept C – комбинација од минималистички графички површини, прецизни геометриски линии и чисти форми што се вклопуваат со тркачката аеродинамика. Предниот дел е изведен во титаниумска нијанса, која постепено преминува во карбон-црн заден дел, акцентиран со Audi црвени детали на воздухоземачите, задното крило и логата.

Audi R26 Concept Formula 1

Зошто Formula 1?

Според Audi, Formula 1 претставува „стратегиски знаменосец“ во нивната трансформација и глобална репозиција. Светското првенство во Formula 1 го следат повеќе од 820 милиони фанови, а само во 2024 година трките остварија околу 1.6 милијарди телевизиски гледања. Потенцијалниот маркетинг ефект е огромен, поради што компанијата инвестираше значителни средства, вклучувајќи ја аквизицијата на Sauber Group и влезот на Катарскиот суверен фонд како инвеститор.

Audi R26 Concept Formula 1

Технички детали и погонска технологија

Audi още од пролетта 2022 развива сопствена погонска единица според новите F1 регулативи. Системот комбинира 1.6-литарски турбо V6 мотор со енергетски рекуперативен систем, електромотор (MGU), напредна батериска технологија и осумстепен менувач. Вкупната системска моќност изнесува околу 1.006 КС (750 kW / 1.020 PS), што го позиционира болидот како сериозен конкурент во новата ера на хибридни F1 тркачки автомобили.

Audi CEO Гернот Долнер истакна дека излегувањето во Formula 1 претставува храбар и амбициозен чекор во обновата на брендот и ќе служи како катализатор за побрза иновација, агилност и технолошка експанзија во компанијата. Тој додаде дека Audi не очекува да стане врвна екипа веднаш, но целта е битка за шампионската титула до 2030 година.

Патот до првото тркачко деби

По премиерата на болидот во јануари, Audi ќе отпочне со тестирања во Шпанија, по кои ќе следуваат подготовки во Бахреин во февруари. Долгогодишната работа зад сцената конечно ќе биде ставена на вистинскиот тест во март, кога Audi ќе дебитира во Мелбурн на првата трка од сезоната 2026.

Со R26 концептот, германскиот бренд не само што го претставува идниот болид, туку симболично го отвора новото поглавје за Audi – поглавје што ги спојува традицијата, инженерската прецизност и амбициите за глобален врв во најпрестижната тркачка серија на светот.

Поврзани вести

Back to top button