Викенд тарифа: Битка на луксузни електрични SUV модели
Електричните луксузни SUV модели се прилично популарни во моментов, а еден од нивните адути, како што е и со секој друг ЕВ, е нивното забрзување
Автомобилските производители веќе на големо работат за транзиција во целосно електричната ера. На патот кон таа цел, покрај „обичните“ електрични автомобили, ги имаат и луксузните електрични SUV модели кои стануваат се попопуларни во светот. Најголемите брендови и нивните луксузни модели како најголеми адути ги имаат забрзувањето, кое всушност е карактеристика на секој електричен автомобил.
Но, кој од нив е најбрзиот. Carwow ги изнесе на мегдан BMW iX, Tesla Model X, Audi e-Tron S и Mercedes-Benz EQC. Tesla има најголема моќност, Audi има највисок вртежен момент, Mercedes е најлесен, а BMW е најтежок. Сето ова е на хартија, но како изгледа во реалноста, погледнете во видеото во прилог.