Викенд тарифа: BMW M3 Competition против Mercedes-Benz SLS AMG Black Series
Новиот BMW M3 Competition излегува на мегдан со моќниот Mercedes-Benz SLS AMG Black Series, и покрај нивната разлика во години
Перформансните автомобили минаа низ сериозен развој во последната деценија, но дали успеаја да достигнат ниво каде новиот BMW M3 Competition може да застане рамо до рамо со Mercedes-Benz SLS AMG Black Series, ќе можете да дознаете во видеото подолу.
SLS AMG Black Series е вистинска „ѕверка“ и се напојува со 6,2-литарски природно аспириран V8 мотор со 630 КС и 635 Nm максимален вртежен момент. Пред новата Corvette Z06, ова беше најмоќниот природно аспириран V8 мотор инсталиран во еден продукциски автомобил.
На другата страна се наоѓа BMW M3 Competition. Опремен со битурбо 3,0-литарски шестцилиндричен мотор и испорачува 510 КС и 650 Nm, што значи дека има нешто повеќе максимален вртежен момент во однос на Mercedes. Двата модели ја испраќаат својата моќност преку задните тркала, но BMW тежи околу 180 килограми повеќе, заедно со помалата моќност, значи и сериозен дефицит во однос на ривалот. Како резултира сето ова во реалноста, погледнете во прилог.