fbpx

Викенд тарифа: Надополнување со гориво на сред дрифт

Во обид да го сруши гинисовиот рекордот за најдолг непречен дрифт, BMW со новата М5 извозе преку 2.000 круга за време од осум часа

Во 2013 година, овој баварски производител постави рекорд за најдолг дрифт без прекин, со помош на Јохан Шварц кој беше позади воланот на моделот М5. Во таа прилика тој успеал да помине 322 круга со растојание од 82 километри.

По некое време, Toyota успеа да го сруши овој рекорд, па така BMW одлучи да го повтори овој потфат, на истата патека, со истиот возач, но со најновата генерација на моделот M5. Со цел повторно да се запише во книгата на Гинис, Јохан измина преку 2.000 круга на полигонската патека во Јужна Каролина. Континуираниот дрифт траеше цели осум часа, а притоа биле поминати точно 374,17 километри, иако потребни биле само околу 145 километри за да се пробие рекордот. Секако, за ваквото осум-часовно возење потребно е и големо количество на гориво. И покрај тоа што се работи за поставување рекорд за најдолг непречен односно континуиран дрифт, правилата му дозволуваат на автомобилот да застане за да надополни гориво. Но, BMW одлучи да го направи овој подвик многу поинтересен и повозбудлив, па така тие решија надополнувањето на резервоарот да го извршат за време на самото возење.

За да го стори тоа, германскиот производител соработуваше со компанијата Detroit Speed, која го опреми овој М5 со специјален систем за надополнување со гориво, сличен како оној кој борбените авиони го користат за надополнуваат со гориво на сред лет. Така, BMW донесе уште еден М5 на патеката, кој имаше за цел да се движи паралелно со првиот, при што надополнувањето со гориво го изврши Мет Маллинс, член на тимот на Detroit Speed. Мет беше позициониран на задниот прозорец од вториот М5, каде беше обезбеден со сигурносна сајла. Неговата задача беше во вистинско време и на правата оддалеченост меѓу двата автомобила, да го приклучи специјалното црево за резервоарот на првиот М5 и да го изврши надополнувањето. Овој процес беше изведен дури пет пати за време на целиот дрифт.

Во продолжение погледнето го одличното видео и уникатноста како до поставување на новиот рекорд на BMW.

Поврзани вести

Back to top button