Викенд тарифа: BMW X3 M и X5 M во битка за најбрз семеен SUV
BMW моментално има една од најсеопфатните SUV линии во автомобилската индустрија. Можете да изберете помеѓу десетици различни големини, типови на погонски единици и нивоа на опрема. Во категоријата на перформанси, Баварците нудат некои од најбрзите мејнстрим возила. Но, кој помеѓу X5 M Competition и X3 M Competition треба да биде вашиот избор кога станува збор за забрзување и драг трки. Иако овие карактеристики се најмалку важни кај семејните SUV модели, сепак би било интересно да се види кој ќе се снајде подобро во оваа дисциплина.
Иако драг трките не се само едноставна игра со бројки, за почеток, добро е да се знае што нудат овие две возила на хартија. Почнувајќи од поголемиот од двата, X5 M Competition има 4,4-литарски битурбо мотор под хаубата, кој испорачува 625 КС и 750 Nm вртежен момент помеѓу 1.800 и 5.860 вртежи во минута. Забрзувањето од 0-100 километри на час трае 3,7 секунди на хартија.
X3 M Competition, пак, е помал модел кој следи многу сличен рецепт. Сепак, постои една огромна разлика помеѓу двете – X3 се потпира на помал 3,0-литарск линиски шестцилиндричен мотор, добра за 510 КС при 6.250 вртежи во минута и 650 Nm помеѓу 2.600 и 5.600 вртежи во минута. Двата теренци ги споделуваат компонентите на менувачот и погонот, вклучувајќи го осумстепениот автоматски менувач и системот xDrive AWD. Спринтот од 0-100 километри на час се достигнува за 3,8 секунди.