Викенд тарифа: Bugatti Tourbillion можел да изгледа сосема поинаку
Bugatti откри алтернативен предлог дизајн за својот најнов модел Tourbillon и тој изгледа дефинитивно поагресивно
Еден од најфасцинантните аспекти на автомобилската индустрија е она „што можеше да биде“. Иако ретко ги откриваат овие детали, производителите на автомобили повремено покажуваат концепти или сериски модели кои никогаш не ја виделе сцетлоста на денот.
Еден од тие е и алтернативиниот дизајн за Bugatti Tourbillon, кој беше претставен ова лето. Како дел од најновиот дел од серијата видеа, производителот на автомобили не води зад сцената на денот на одлучување за дизајн во февруари 2022 година.
Два автомобили се видно прикажани во клипот и еден е очигледно претходник на Tourbillon. Сепак, тука е и алтернативниот предлог дизајн кој никогаш не е целосно прикажан.
Неколкуте погледи што ги добиваме откриваат значително помала решетка, како и помалку раскошни дози. Тие се споени со аголни фарови и вдлабнат централен дел на хаубата.
Понатаму, има аголна и агресивна каросерија што навестува пофутуристички дизајн. Токму ова можеби било пресудно за да отпадне предлогот бидејќи поранешниот директор за дизајн, Ахим Аншајд, своевремено истакна: „Мислам дека одлучувачки фактор е навистина она што е модерна ДНК на Bugatti. Кој автомобил може да го претставува Bugatti од 100 метри, од 10 метри, од еден метар оддалеченост“.
Дизајнот на Tourbillon е секако отстапување од Chiron, но тоа е далеку од единственото нешто што се променило бидејќи моделот има атмосферски 8,3-литарски V16 мотор. Се спојува со предна е-оска со два електрични мотори, како и трет електричен мотор поставен назад.
Моторите се напојуваат од батериски пакет од 25 kWh и помагаат да му се даде на автомобилот комбинирана моќност од 1.775 КС (1.324 kW / 1.800 КС). Tourbillon исто така може да патува повеќе од 60 километри само со електрична енергија.