fbpx

Викенд тарифа: Дедо Мраз ја надгради својата санка со помош на Dodge

За целите на „Big Finish“ кампањата, овој американски бред се втурна во мисија да обезбеди нова и уште побрза санка за потребите на Дедо Мраз, а за таа цел го искористи својот нов модел Dodge Challenger SRT 2019

Овој пат со помош на Dodge, ирвасите се заменети со 797 коњски сили на уникатниот Challenger SRT Hellcat Redeye. Овој вистински Dodge 2019 модел е одлично прилагоден кон посебните и специфични вкусови на Дедо Мраз.

Како што може да се види на сликите, кај овој супер автомобил отстранети се покривот и вратите, предното ветробранско светло е пресечено на пола, додека тркалата се заменети со метални профили со кои ја добива функционалноста на санка. Сепак, како одлични детали задржани се двојните издувни цевки, а исто така може да се забележат и шест-клипните Brembo сопирачки. Оваа санка е опремена и со седум патнички седишта.

dodge

Новата хардкор санка на Дедо Мраз е погонувана од 6,2 литарски V8 мотор, кој има излезна моќност од 797 коњски сили и вртежен момент од 959 Nm. Од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,4 секунди и притоа достигнува максимална брзина од 326 километри на час. Доволно брзо за да ги испорача сите подароци на време..?

Рекламата е насловена Upgrade што значи Надградба, а соодветно на ова име е заменет и класичниот дебел Дедо Мраз со неконвенционален, игран од поранешниот професионален борач Бил Голдберг. Тој гледа во своите класични и стари санки, со што ги известува своите џуџиња дека е време за надградба. Така тие се фаќаат за работа и овој супер автомобил го претвораат во блескава модерна санка.

Одличната реклама може да ја погледнете во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=bIu7xyjkJn4

 

Поврзани вести

Back to top button