Викенд тарифа: драг трка на три спортски изведби од Ц класата
Кој од моделите Civic Type R, i30N и Megane RS е најбрз во Ц сегментот, дознајте во продолжение
Овие три одлични хечбек модели претставуваат најдоброто во спортскиот Ц-сегмент на возила со погон на предната оска.
Јапонскиот Honda Civic со својата спортска варијанта Type R е полесен и помоќен од своите противници. Под неговата хауба се наоѓа четири-цилиндарски 2.0 турбо мотор, кој испорачува одлични 315 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, а поврзан е со шест-степен мануелен менувач. Овој модел забрзува од 0-100 километри на час за 5,7 секунди и достигнува максимална брзина од 272 километри на час.
Следно, Hyundai i30 во својата N изведба претставува првиот спортски хечбек на оваа корејска компанија. Погонуван е од 2,0 литарски турбо мотор, кој произведува 271 коњски сили и вртежен момент од 353 Nm. Забрзувањето од 0-100 километри на час е за 6,1 секунди, додека максималната брзина изнесува 250 километри на час.За крај го имаме најновиот член во спортскиот Ц-сегмент, новиот Renault Megane во својата RS изведба. Овој модел е опремен со 1,8 литарскиот четири-цилиндарски турбо мотор со излезна моќност од 276 коњски сили и 390Nm вртежен момент. Овој француски хечбек од 0-100 километри на час забрзува за 5,8 секунди, а достигнува максимална брзина од 255 километри на час.
Благодарени на Top Gear, имаме можност да погледнеме и да дознаеме кој од овие три модели ќе ја помине целта прв.