Викенд тарифа: F1 шампионот зад управувачот на Honda Civic Type R
Актуелниот шампион во Formula 1, Макс Ферстапен, доби шанса да седне зад управувачот на новиот Honda Civic Type R
Во текот на летото, Honda темпирано го пушти во употреба на целосно новиот Civic Type R. Моделот беше прикажан во јули, но за спецификациите и перформансите дознавме на крајот на минатиот месец. Поминаа неколку недели од лансирањето, но светскиот шампион во Formula 1 од минатата сезона, Макс Ферстапен, доби шанса да ужива на патеката со новиот Type R.
Новиот Civic Type R е најмоќната верзија досега. Има 2.0-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач кој произведува 315 КС и 420 Nm.