Викенд тарифа: F1 возачите на McLaren во трка против својот шеф
Шефот на Formula 1 тимот на McLaren, Зек Браун, седна зад управувачот на 620R, а возачите Ландо Норис и Даниел Рикардо му се спротиставија со 720S и GT
Formula 1 тимот на McLaren импресионираше оваа година со перформансите на возачите и брзите болиди, но шефот на тимот, Зек Браун, е исто така добар возач. Така, сите тие се најдоа на патеката Силверстоун и ги покажаа своите квалитети во патничките модели на британската марка.
Самиот Браун е картинг возач од 1986 година, а тој самиот се има тркано и во Formula Ford 1600 и Британската Formula 3, меѓу другото. Можеби не е F1 возач, но сепак не е за потценување, па затоа и не е изненадување што Ландо Норис и Даниел Рикардо имаа потешкотии да се справат со својот шеф.
Инаку, Браун седна зад управувачот на McLaren 620R кој има 3,8-литарски битурбо V8 со 620 КС и 619 Nm. Ландо Норис го избра McLaren GT со битурбо 4,0-литарски V8 кој испорачува 620 КС и 630 Nm, додека Рикардо го избра McLaren 720S со 720 КС и 770 Nm.