fbpx

Викенд тарифа: Искршен Ferrari 812 Superfast „вратен“ во живот

Екипата од Real Life Exotics успеа да препороди и да „врати во живот“ целосно испокршен Ferrari 812 Superfast

Обично искршените егзотични суперспортски автомобили како Ferrari не се поправаат туку едноставно се отпишуваат, бидејќи оние кои платиле неколку стотици илјади евра за некој спортски автомобил, сигурно ќе добијат пари од осигурување и ќе купат нов.

Бидејќи никој не сака да се вози во поправан автомобил, особено не ако станува збор за Ferrari. Како и да е, конкретниот автомобил е речиси тотално неупотреблив и искршен и осигурувањето ќе го покрие бидејќи поправката со оригинани делови во овластен сервис може да го врати автомобилот во првичната состојба, но тогаш тоа чини цело богатство.

Сепак, американската екипа од YouTube каналот Real Life Exotics откупува токму такви автомобили и зад себе веќе има респектабилен број на егзотични возила вратени во живот. Тие едноставно веруваат дека имаат услови, алати и знаење за такви стручни поправки, иако гледајќи го видеото работилницата изгледа како и секоја друга маалска работилница, а фактот дека скапоцениот 812 Superfast го симнаа од камион со вилушкар сигурно не е преференца за постапување од овластен сервис.

Впрочем, како изгледа враќањето во живот на Ferrari со 6,5-литарски V12 атмосферски мотор од 800 КС, кој од нула до „стотка“ стигнува за 2,9 секунди и има максимална брзина од 340 километри на час, погледнете во видеото.

Поврзани вести

Back to top button