fbpx

Викенд тарифа: Ferrari F8 Tributo против McLaren 765LT

Ferrari F8 Tributo e навистина брз автомобил, но дали може да издржи во драг трка против суперавтомобил како што е McLaren 765LT

Со цел да ги покажат разликите меѓу двата автомобили, во Hennessey Performance неодамна се упатија на една патека со Ferrari F8 Tributo и McLaren 765LT. Секако, F8 Tributo не е директен ривал на 765LT, но додека не се појави некоја поагресивна верзија, останува најблискиот конкурент што Маранело може да го понуди за McLaren.

Ferarri F8 се напојува со 3,9-литарски битурбо V8 мотор со 710 КС и 770 Nm максимален вртежен момент, а доаѓа во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка кој ја испраќа моќноста на задните тркала. Од друга страна, McLaren 765LT се напојува со 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 755 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, кој исто така користи седумстепен автоматик со двојна спојка кој ги придвижува задните тркала, но тежи и помалку од Ferrari (1.339 наспроти 1.435 килограми).

Поврзани вести

Back to top button