fbpx

Викенд тарифа: Ферстапен во својот F1 болид против авион Spitfire

Во пресрет на трката за Големата награда на Велика Британија, Red Bull Racing подготви интересна трка меѓу Макс Ферстапен и неколку легендарни британски возила

Актуелниот лидер во генералниот поредок во Formula 1, Макс Ферстапен, во пресрет на трката за Големата награда на Велика Британија на Silverstone патеката, се тркаше против неколку иконски британски „возила“. Младиот возач седна во Red Bull RB7 болидот кој победи на 12 од 19 трки во сезоната 2011 и се натпреваруваше против двокатен автобус, бело Ford Transit комбе, препознатливото лондонско црно такси и Ford Focus ST. Но, тоа како да не беше доволно, па холандскиот F1 возач на крајот се натпреваруваше и со авион Spitfire, еден од најлегендарните воени авиони некогаш произведени.

Како изгледаше настапот на Макс Ферстапен, погледнете во прилог.

Поврзани вести

Back to top button